Зираат банка отвора филијала во Црна Гора

29

ziraat_bankasiТурската Зираат банка ќе отвори своја прва филијала во Црна Гора. Според турскиот амбасадор во Подгорица, Мехмет Нијази Танилир, отворањето на Зират банка претставува нов поттик за инвестиции во оваа земја и оживување на економскиот пазар.

“Ако ја земеме во предвид економската криза во светот, сметам дека токму ова ќе и биде извор на нови финансии што и се потребни на Црна Гора. Со отворањето на оваа банка ќе заживее економскиот пазар во Црна Гора”, рече амбасадорот.

Отворањето на Зираат банка во Црна Гора, кое веќе некое време е најавувано, претходно е оценето како голем придонес за унапредување на претприемништвото, малиот и средниот бизнис, а според амбасадорот, ќе влијае и врз побрзото реализирање на големи развојни проекти и инвестиции во оваа земја.

Зираат банка е најголема и најстара турска банка и присутна е во 19 држави во светот.