ЗК Пелагонија за шест месеци оствари загуба од 52,5 милиони денари

20

zk-pelagonija

Земјоделскиот комбинат (ЗК) Пелагонија од Битола во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година прокнижи загуба од 52.502.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2015 година, комбинатот прикажа загуба од 24.482.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од оваа година беа на ниво од 338.254.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 213.211.000 денари.

Основна дејност на ЗК Пелагонија е земјоделско производство, овоштарство и лозарство.