Златен BlackBerry P’9981 од Porsche Design

Од BlackBerry најавуваат дека во јуни ќе биде пуштена во продажба златна 24 каратна, лимитирана верзија на BlackBerry P9981 од компанијата Porsche Design.

bb_supreme_porsche_black_gold_1

Во продажба ќе бидат пуштени само 25 вакви телефони. Серијата P’9981 смартфони ќе бидат обложени со злато и квалитетна кожа и секој од нив на позадината ќе има плакета на која ќе биде изгравиран серискиот број и 2AA кодот.

Овој код е дел од лозинката на корисникот и ги информира другите BlackBerry корисници дека комуницираат со сопственик на P’9981.

Porsche-Design-P9981-Gold

Луксузниот телефон е исто така заштитен со нерѓосувачки челик. Слично на претходните Porsche дизајни на BlackBerry, така и овој P’9981 е поаглест и помал во однос на стандарниот телефон.

Смартфонот содржи BlackBerry Bold 9900 со 1.2GHz процесор и 8GB RAM меморија што заедно го сочинуваат BB7 оперативниот систем на BlackBerry.

Неговата цена ќе изнесува 8.918 долари.