Златна награда од Дојче банк за Комерцијална банка

20

2014 Euro STP Excellence Award

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Златната награда од Deutsche Bank: Gold 2014 Еuro STP Excellence Award.

Наградата, како што се наведува во соопштението, е признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања.

“За првпат оваа година е воведена категоризација во наградите, а Комерцијална банка АД Скопје е одликувана со највисокото признание. Со постојаноста во квалитетот на услугите, Банката продолжува да ја потврдува својата лидерската позиција во областа на девизното работење“, се вели во соопштението на банката.