Златна верзија на HTC One за европскиот пазар

20

HTC-One-Gold-Edition-600x392Компанијата HTC недоамна најави нов златен HTC One смартфон кој ќе биде наменет за европскиот пазар, со што ќе стане конкуренција на златните верзии на iPhone 5 од Apple и на Galaxy S4 од Samsung.

Новиот HTC One Gold има мазна алуминиумска обвивка обложена со злато и додатоци во црна боја, а ги содржи истите карактеристики што ги има оригиналниот HTC One.

htc_one_gold_main_article_3_1372400687_540x540

Златната верзија на овој паметен телефон вклучува 4,7-инчен екран од 1080p, 1,7GHz квад-кор Snapdragon 600 процесор, камера од 4 мегапиксели UltraPixel и Android оперативент систем на HTC.

HTC претходно лансираше ограничена серија на HTC One со 18 каратно злато која го имаше своето деби за време на музичките MOBO награди (MOBO Awards), кои се одржуваат секоја година во Велика Британија, промовирајќи ја црнечката музика.