Фото: Facebook
Златните реплики од дланките на некогашниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мендела се продадоа за 10 милиони долари во биткоини, јавува BBC.
Канадската фирма за размена на криптовалути Arbitrade купи четири реплики од бизнисменот од Јужна Африка, Малколм Данкан, кој пак истите ги купил од рударската групација Harmony Gold во 2002 за 31.000 долари.
Компанијата има за цел да започне глобална турнеја наречена Golden Hands of Nelson Mandela преку којашто ќе ги едуцира младите за животот на легендарниот борец против расната дискриминација.
Ова е прв пат артефакти од јужно-африканскиот претседател да бидат продадени во криптовалути.
Дланките тежат околу 9 килограми и се дел од колекцијата што го обележува времето на Мендела поминато во затворот на островот Робен.
Мендела помина 27 години зад решетки. Беше ослободен во 1990, а со претседателската функција раководеше од 1994 до 1999 година.