Европските и американските берзански индекси денеска бележат најголем пад, додека пазарите се претпазливи поради претседателските избори во Соединетите Американски Држави.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 19.117,65 поени.
Францускиот CAC 40 на 7.353,99 поени, британскиот FTSE 100 на 8.179,45 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.607,84 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 41.794,60 поени, индексот S&P 500 на 5.712,69 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.179,98 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 71.594 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 75.270 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 40.510 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.736,52 долари за унца, а на пченицата на 5,7048 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08859, а вредноста на американската валута продолжува да опаѓа поради неизвесноста околу претседателските избори.