
Европските берзански индекси денес се претежно во пад, при што цените на златото и пченицата растат заедно со падот на цените на нафтата, бидејќи трговците се претпазливи во врска со одлуката на Федералните резерви за каматните стапки во Соединетите Американски Држави на 17 септември и соопштението на Банката на Англија за идниот тек на монетарната политика на 18 септември, објавува CNN.
Денес во 10:00 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,29 проценти на 23.666,07 поени, францускиот CAC 40 за 0,18 проценти на 7.882,48 поени, британскиот FTSE 100 за 0,25 проценти на 9.252,50 поени, додека московскиот MOEX порасна за 0,6 проценти на 2.826,79 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 0,11 проценти на 45.883,45 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,47 проценти на 6.615,28 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,94 проценти на 22.348,75 поени.
Европските фјучерси за гас за октомври беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 32 евра за мегават-час. Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 63.072 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 67.228 долари.
Цената на златото се искачи на 3.686,72 долари за унца, а цената на пченицата на 5,2653 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,17922 долари, што е за 0,25 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.
Фото: Pixabay











