
Цените на златото се зголемија за повеќе од 28 отсто оваа година, поттикнати од силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во услови на зголемени геополитички тензии, објави Светскиот совет за злато (WGC).
„Оваа година со злато се тргува по просечна цена од 22 отсто повисока од минатата година, а во третиот квартал вкупната побарувачка за првпат надмина 100 милијарди долари“, соопшти WGC.
Како што проценуваат, цените треба да растат и во следната година, но „поумерено“ од годинава, пренесува Мина.
Сите сакаат да знаат дали Доналд Трамп ќе ја поттикне американската економија во неговиот втор мандат во Белата куќа.
„Побарувачката за инвестиции оваа година беше поттикната од геополитичките ризици и остри флуктуации на голем број регионални финансиски пазари“, објасни WGC.
Исто така, треба да се додаде дека во поголем дел од третиот квартал, западните инвеститори се вратија на златото, откако централните банки почнаа да ги намалуваат клучните каматни стапки.
Централните банки продолжија да ги полнат резервите со злато, зголемувајќи го темпото на откуп во октомври, а трендот ќе продолжи и во наредната година.
„Побарувачката во Кина и Индија, најголемите пазари на злато во светот, треба да биде силна и во наредната година“, додава WGC.
Фото: Pixabay