Змии коишто во овој период од годината хибернираат ги искомплицираа плановите на американскиот милијардер Илон Маск поврзани со изградба на гигафабриката во близина на Берлин.
Управниот суд во Франкфурт ѝ наложи на Tesla го запре сечењето на шума на локација предвидена за изградба на фабриката откако еколозите предупредија дека масовната сеча може да ги загрози змиите кои хибернираат, пренесува Ројтерс.
Дозволата за Tesla за почеток на изградбата на првата европска фабрика и дизајнерски центар зависи од условно одобрување на локалните власти надлежни за урбанистичкиот план и задолжително консултирање со домашните еколошки организации и заедницата.
Tesla минатата година најави изградба на гигафабрика во Берлин, што според плановите треба да биде пуштена до први јули следната година, а во нејзе ќе се произведува електричниот кросовер Model Y.
Фото: Twitter