Значително намалена заканата од рецесија во Германија

11

Времето за германската економија конечно почна малку да се разведрува, соопшти Институтот за макроекономија и истражување на деловниот циклус (IMK). Заканата од рецесија во следните три месеци значително стивна, се вели во извештајот на ИМК објавен во понеделникот.

Конјуктурниот барометар на Институтот за вториот квартал се помести на 48,7 отсто веројатност за рецесија. На почетокот на минатиот месец „стрелката“ беше на 58,3 отсто.

ИМК ги пресметува клучните економски показатели за својот барометар. Пресвртот е посилен отколку што може да изгледа на прв поглед, јави ДПА.

Имено, индикаторот сега е надвор од црвено за прв пат од јуни 2023 година. Сè уште не е зелено, но е „жолто-црвено“, што укажува на неизвесност, но не и на акутна закана од рецесија.

Промената го одразува закрепнувањето на преработувачката индустрија и стабилизирањето на цените на енергијата. ИМК претпоставува дека енергетски интензивните сектори во економијата, како што се хемикалиите, се симнале од дното.

Понатаму, извозниот сектор испраќа и позитивен сигнал, но и подобро расположение на финансискиот пазар.