Знаци дека поседувате финансиска интелигенција

507

Велат дека на интелигентните луѓе им е потешко во животот отколку на оние кои не се. Иако на прв поглед се чини дека ваквата констатација нема многу смисла, кога ќе размислите, можеби може да се донесе таков заклучок. Интелигентните луѓе често подобро ги перципираат работите, знаат да бидат почувствителни во споредба со помалку интелигентните, па овие работи понекогаш им го отежнуваат поминувањето низ животот и борбата со секојдневните проблеми, пишува порталот Каматица.

Постојат неколку видови на интелигенција, а нас не интересира онаа која без сомнение ни помага полесно да го поминеме животот. Се разбира, станува збор за финансиска интелигенција.

За финансиската интелигенција не е потребна посебна дефиниција, освен наједноставната, а таа вели дека финансиската интелигенција е значењето на управувањето со парите.

Значи, тој што е финансиски интелигентен ќе има многу големи шанси никогаш да не влезе во минус, да земе кредит кој навистина му треба, а не оној што му го продаваат банкарите, а можеби и најважното – ќе знае како добро да ги вложи своите пари. Инвестирањето за финансиски интелигентна личност не е ноќна мора.

Ако сега се прашувате како да дознаете дали сте финансиски интелигентни или не, еве начин како да добиете одговор. Финансиската интелигенција е особина на луѓето кои ги имаат следните три работи.

Првата важна работа е прашањето што си го поставуваат финансиски интелигентните луѓе. И гласи:

Како можам да заработам повеќе?

Доколку имате способност да ја искористите моменталната ситуација и сте свесни за околностите кои ве опкружуваат, на добар пат сте. Доколку знаете како да се вклопите во овие два моменти и да најдете начин како да заработите дополнителни пари покрај платата, тогаш речиси е сигурно дека имате дарба за управување со парите.

Друга важна работа е начинот на кој ги чуваме нашите пари.

Овде треба јасно да се каже дека не се подразбира само класично штедење во банка или под перница туку и други начини на кои ја задржуваме вредноста на стекнатите пари. Овде треба да се додаде и тоа како ги трошиме парите кога купуваме нешто, односно дали навистина ни е потребен некој производ што е на попуст или повеќе сме склони кон импулсивно купување.

Трета работа – ги имате вистинските информации.

Дури и „врапчињата на гранка“ ја знаат познатата поговорка дека тој што има информации има и моќ. Оној кој е добро информиран за трендовите во светот на финансиите, има големи шанси и самиот да создава пари. Се разбира, под услов да знае да ги користи вистинските информации што ги има.