Знаци кои укажуваат дека сте роден претприемач

228

“Уживам во независноста да раководам еден брод. Ми се допаѓа да контролирам елементи, правејќи ветрот, брановите и водата да работат за мене“, Гералд Шварц ко-основачот на CanWest Global комуникации.

Некои луѓе се родени да бидат претприемачи поради особините што почнуваат да ги прикажуваат на многу рана возраст. Кои се особините кои покажуваат дали некој е претприемач по природа? Но пред да ги наброиме, треба да се истакне дека ако некој има одредени особини, тоа не значи дека ќе биде успешен. Постојат и други фактори како (упорност, посветеност, истрајност, поднесување критики, желба за напредок).

Ова се знаци кои укажуваат дека сте претприемач по природа

Љубопитни сте и иновативни

Претприемачите сакаат да решаваат проблеми. Во суштина, тие дури бараат проблеми. Кога забележуваат проблем, прашуваат: “Како може ова да функционира“ или “Како можам да го поправам ова“…

Работите од темел

Претприемачите сакаат да работат од темел. Тие сакаат гордо да кажат “ова го изградив“ или “наидов на ова, потоа го имплементирав“.

Сакате да работите нешто што другите не сакаат

Претприемачите се подготвени да направат нешто што другите никогаш не го пробале, додека некоја личност која по природа не е претприемач го прави само она што е веќе тестирано. Сепак, претприемачите сакаат да испробаат нови работи и не се плашат кога работите на почетокот не функционираат. Ако можат да поправат нешто, тоа е предизвик за нив, тие честопати велат: “Во ред, барем се обидов. Сега, ајде да одиме на нов проект!“.

Спремни сте да преземете ризици за големи идеи

Претприемачите често ризикуваат за да реализираат големи идеи. Тие се свесни дека големите работи честопати се придружени со голем ризи. Претприемачите сметаат дека е подобро да се обидат и да пропаднат отколку да не се обидат воопшто.

Сакате да го подобрите светот

Претприемачите сакат да менуваат животи. Кога ќе видат решение не гледаат на него како на инженерски или маркетиншки потфат, туку што може да менува човечки животи. Сакаат да решаваат проблеми и смислуваат иновативни решенија.

Фото: Pixabay