Полска со 431 милион долари е извозникот број еден на паста за заби минатата година во светски рамки.
Следна по извоз на овој производ е Кина со извоз од 360 милиони долари, додека трета е Германија со извезени пасти за заби во висина од 360 милиони долари.
Меѓу 10-те најголеми извозници на пасти за заби се и: Мексико (304 милиони долари), САД (283 милиони долари), Велика Британија (259 милиони долари), Словачка (242 милиони долари), Тајланд (226 милиони долари), Белгија (153 милиони долари) и Франција (137 милиони долари).
Бугарија е 23-та во светот со извоз од 28 милиони долари, додека Словенија е 32-ра со извоз од 18 милиони долари. Грција е на 42-ро место со извоз на пасти за заби во висина од 7,6 милиони долари, додека Хрватска е пет места подолу со извоз од 4,4 милиони долари. Албанија минатата година оствари извоз во висина од 3,8 милиони долари, зад нејзе е Србија со извоз од 475.000 долари. Македонија е 90-та во светот со извоз на пасти за заби во висина од 44.000 долари.
Фото: Pixabay