Знаете ли како да се справите со критика?

47

11

Фото: Pexels

Повеќето успешни луѓе велат дека вистинскиот начин на соочување со критиките многу влијаел на нивниот напредок во кариерата. Иако негативните коментари на извршената работа и вложениот труд никому не му се мили, треба да научиме како од нив да извлечеме корист.

Конструктивна и деструктивна критика

Многу луѓе зборот критика го поврзуваат со негативна конотација затоа што веднаш помислуваат дека критиката носи нешто деструктивно. Понекогаш за таква реакција се виновни сеќавањата од детството кога без причина сме биле цел на потсмев и критика. Во секој случај, деструктивната критика не е корисна. Критиката може да упатува на грешка, но доколку поракате не содржи решение на настанатиот проблем, тогаш ваквата критика ќе има изразен негативен ефект.

Од друга страна, конструктивната критика може да ја подобри вашата работа, затоа што понекогаш најдобро е да се учи на сопствените грешки. Важно е пред да изреагирате на критиката, да сфатите за каква критика станува збор, конструктивна или деструктивна, затоа што можеби навистина можете работата да ја завршите подобро.

Каков став да заземете?

Најдобар начин за соочување со деструктивна критика е едноставно игнорирање на делот со негативно значење. Кога добивате конструктивна критика, веднаш можете во позадина да ја насетите позитивната порака. Затоа со ваквите критики треба да се соочите на начин подобро да ја разберете пораката и да се подобрите, за работата да ви биде поквалитетна.

Прашајте што конкретно не е направено квалитетно и зошто. Меѓутоа, ако не добиете повратна информација, критиката можете да ја игнорирате и да сметате дека работата сепак е завршена како што треба. Откако по конструктивната критика ќе ја поправите работата, прашајте ги претпоставените дали сега се задоволни со вашата работа.