Во текот на март и април, милиони луѓе се “преселија“ да работат од дома, но мислеа дека тоа е привремено. Сепак, пристигна јули, а короната “не нè остава на мира“. Работата надвор од компанијата е предодредена барем уште некое време, но многумина стануваат нервозни, деконцентрирани, вознемирени.
Ако живеете сами тоа е, можеби “идеална деловна ситуација“, но ако имате семејство, тогаш веројатно сте веќе “на работ“.
Треба да ги извршите деловните и семејните обврски, да им објасните на децата дека сте “отсутни“ и покрај тоа што сте физички присутни, затоа што имате работа. Едноставно, целата деловна култура се менува.
Постои иновативно решение на пазарот, коешто ги следи неговите потреби, а се нарекува shoffice. Ако имате куќа и двор, тогаш ова е идеално решение за вас.
Популарноста на таканаречените shoffice нагло се зголемија за време на карантинот. Овие “домашни канцеларии“ се лесни и брзи за монтирање и не се премногу скапи.
Цените се движат од 2.700 до 15.000 евра, во зависност од материјалот и дизајнот. Податоците на Google бележат зголемување на пребарувањето за вакви куќички во последните три месеци, а некои веб страници покажуваат дека многу од нив се продадени.
Директорот на компанијата Garden Affairs, од Велика Британија, којашто нуди голем број на shoffice вели дека нивните европски фабрики се пренатрупани со барања. Тој додава дека луѓето најчесто бараат помали простори, затоа што не секој има многу простор во дворот.
Фото: Garden Affairs