Знамиња и јарболи – маркетинг на големите брендови

432

Знамињата и јарболите се дел од маркетинг кампањите на големи светски брендови. Нивната ефикасност во ширење на рекламните пораки и зајакнување на имиџот на компанијата, којашто е препознаена и ценета во целиот свет, пишува SEEbiz.

Персонализирано и уникатно знаме може да одигра важна улоги во промоција на секој бренд. Без оглед на тоа дали се работи за мали знаменца или за знаме од голем формат што може да се постави на јарбол пред претставништво на некоја компанија, тоа е секогаш лесно воочливо. Знамињата со впечатливи бои и препознатливо лого на фирмата го привлекува вниманието на сите.

Знамињата, како што се наведува, се одличен начин во прв план да се истакне визуелниот идентитет на компанијата и со тоа да се развие свест кај купувачот за конкретниот бренд.

Иако се сметаат за традиционален метод на огласување, дури и во дигиталната ера јарболите и знамињата имаат голема вредност во маркетингот и претставуваат важен сегмент од маркетинг стратегиите на водечките светки брендови.

Сите светски автомобилски компании добро знаат дека знамињата се маркетинг метода што создава дополнителна вредност. Поради тоа, тие не забораваат да ги истакнат своите знамиња, без оглед на просторот, отворен или затворен.

Високо истакнатите знамиња на јарболите пред големите продавници на Ikea се знак поради којшто многумина ќе помислат на својот дом. Доследна во креирање одлични решенија за секој дом, оваа компанија за многумина е синоним за едноставност и функционалност. Водејќи се од тоа, Ikea за своите рекламни знамиња избра разнобојни платна со препознатливиот фонт и голем натпис.

Знамиња во свои рекламни кампањи користеле и ќе користат скоро сите моќни брендови во светот што покажуваат доминација на пазарот и преференции од страна на купувачите.

Фото: Pixabay