Зошто Белгијците треба да јадат повеќе помфрит

78

Додека пандемијата на коронавирус остава последици на светската економија, посебно е погодена и прехранбената индустрија.
Во Белгија на удар се производителите на компири, кои упатија апел до граѓаните повеќе да јадат помфрит.

Земјоделците забележале вишок од 750.000 тони компир од почетокот на воведување на мерките. Поради затворање на угостителските објекти, побарувачката за компир, посебно помфрит паднала драстично.
За да не пропаднат илјадници тони компир, од Белгијците е побарано да јадат повеќе помфрит, барем два пати неделно, пренесува BBC.

“Традиционално, Белгијците јадат помфрит еднаш неделно и тоа е секогаш посебен оброк“, рече Ромаин Кулс, генерален секретар на белгиската Асоцијација за трговија со компир.

Поради намалената потрошувачка, загубите би можеле да изнесуваат 125 милиони евра. Иако бројни мерки ќе бидат укинати наредната недела, рестораните и понатаму ќе остaнат затворени.

За да не го фрлаат компирот, земјоделците се договориле да донираат 25 тони компир неделно на народните кујни, а исто така и да испраќаат до земјите каде има недостаток. Она што ќе остане ќе биде искористено како биогориво.

Фото:Pixabay