- Кој не би сакал да лета со прва класа и да ги почувствува на своја кожа сите удобности и услуги што ги нудат овие премиум билети. Но, има еден голем проблем – високата цена.
Билетите од прва класа чинат дури до 70% повеќе од оние во економска класа. Но, затоа имате комфор, првокласна храна од готвачи со Мишелин ѕвезди, пижами, маски за спиење, приватен ТВ, WiFi, разни подароци како чанти и дизајнерски чорапи. Во некои од најлуксузните летови може да добиете туширање и сауна.
Освен тоа, билетот обезбедува и посебен пристап од аеродромот до авионот, каде можете да земете и пијалак, па дури и да се истуширате.
Освен тоа, се случува патникот воопшто да не плати за летот, туку тоа да биде неговата компанија или спонзорот.
Она што секако најмногу привлекува кај првата класа е чувството на ексклузивност, луксуз и третман од висока класа. Кога некој патува на овој начин се придржува и до одреден начин на живот што го има само за да се задоволат луксузните стандарди.
Локацијата на оние кои седат во прва класа е најпогодна за излегување и влегување во авионот.
Фото: Facebook