Зошто coworking просторот е добар за вашиот старт – ап

23

coworking

Фото: Pexels

Местото каде што работите влијае на вашата продуктивност. Сè повеќе луѓе се одлучуваат да бидат фриленсери и претприемачи, а тие како работно место избираат coworking простор.

Официјално, првиот coworking простор е отворен на деветти август 2005 година од страна на програмерот Бред Неуберг како реакција на “несоцијалните“ бизнис центри и непродуктивното работење од дома. Coworking просторите се инспирирани од ренесансните работилници во Италија. Овие работилници биле изградени за да ги спојат уметниците од различни области под еден покрив кадешто ќе можат да ги разменуваат своите идеи.

Флексибилната работна локација е поважна од импресивна и лична канцеларија. Денес, coworking просторот е многу повеќе од “работилница“. Тоа е место каде треба да бидете ако сонувате за успех.

Приклучувањето на coworking простор е непроценливо за секој бизнис или старт – ап бидејќи нуди низа придобивки и предности:

  • Раст на бизнисот
  • Проширување на личните и професионални мрежи
  • Наоѓање на нови клиенти
  • Запознавање на талентирани личности
  • Зголемена продуктивност
  • Зголемена креативност
  • Поголема мотивираност (поради професионалците кои се наоѓаат во работната околина)
  • Воспоставување на рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот
  • Работите за себе, но не и сами
  • Зголемување на самодоверба
  • Флексибилност
  • Економичност