Зошто е добро да додадете млеко во чајот?

304

caj-so-mleko

Фото: Pexels

Познато е дека танинот што го содржи чајот остава дамки на забите. За да го избегнете нивното потемнување, доволно е да ставите само неколку капки млеко во чајот.

Според едно истражување објавено во магазинот International Journal of Dental Hygiene, истражувачите тврдат дека млекото може да биде многу поекфикасно и од пастите за избелување на забите.

Сето тоа се должи на протеинот казеин што се наоѓа во млекото. Казеинот се врзува за таниниот од чајот кој што е причина за потемнувањето на забите и помага да се елиминираат дамките.

Колку и да изгледа чудно, сепак си има свои добри страни, па затоа слободно додадете малку млеко во вашиот омилен чај.