Фото: Pexels
Продажбата е дел од секоја успешна кариера. Не е важно со што се занимавате, но шансата дека е застапен некој дел од продажбата е прилично голема. Дури и ако не продавате директно можеби ќе треба да уверите некој да ве ангажира, што значи дека ќе треба да се “продадете“ себе. Ако сте извршен директор ќе мора да ја продадете својата визија на деловните партнери или акционери. Истражувањата потврдуваат дека вештините за продажба денес се наоѓаат во топ 10 клучни вештини.
Развивате комуникациски вештини
Способноста да се пренесуваат идеите и знаењето се важни за секоја кариера. Кога станува збор за квалитетот на изразувањето важи правилото – со вежбање до совршенство. Комуникациските вештини и контактите со луѓе најдобро се совладуваат преку оваа професија. Комуникацијата е клуч на успехот и ја покажува способностa да поставувате прашања и слушате, а не само да зборувате што може да направите.
Учите да прифаќате критика
Една од првите лекции што се учи во продажбата е дека одбивањето и забелешките се само дел од работата. За да се стигне од “не“ до “да“, потребни се вештини, храброст, трпение, флексибилност. Во бизнисот секојдневно се борите да ги убедите и заинтересирате потенцијалните клиенти за одреден производ или услуга. Учите да прифаќате критика, бидејќи на неа се гледа како шанса за подлабоко поврзување со другите, а секое одбивање е чекор поблиску до согласност
Градите самодоверба
Склучувањето на голем број договори влијае на самодовербата. Дури и оние кои мислат дека немаат потенцијал да бидат одлични во продажбата пријатно се изненадуваат кога ги стекнуваат првите искуства во оваа област. Со тек на време, разговорите со различни типови на луѓе стануваат сè полесни, а самодовербата расте. Без разлика дали барате сезонска работа или менувате кариера, искуството во продажбата е непроценливо и ќе има позитивно влијание врз другите вештини што ги поседувате.