Зошто е добро да имате песимист во тимот

186

Справувањето со песимисти на работното место е голем предизвик. Лидерот на тимот ги обучува песимистите да ги согледаат и другите опции и какво влијание имаат врз околината. Песимистите може да бидат предизвик за лидерот и тимот, но постојат и придобивки доколку во тимот има песимисти. Бенефитот од нивното присуство е тоа што тие може да ги намалат идните ризици на компанијата. Ако тимот е исполнет само со оптимисти може да се соочи со следниве ризици.

Носење на нестручни одлуки

Многу оптимистички тимови не ги забележуваат критичките прашања навремено, бидејќи ги игнорираат тешките разговори. Песимистите приоритет им даваат на проблемите отколку на решенијата. Тие се единствените кои ќе го согледаат проблемот и не се двоумат да го споделат со тимот.

Прифаќање на единствен договор

Песимистите се добар пример за оние личности кои се секогаш “за“. Ако лидерот во својот тим има само членови кои постојано се согласуваат со него, тогаш неуспехот е неизбежен, бидејќи тој не е единствениот кој може да има решение за секој проблем. Песимистот ќе придонесе и другите во тимот да го прашуваат и да го предупредуваат лидерот за одредени работи.

Неподготвени за неуспех

Оптимистот секогаш верува дека сè ќе резултира со позитивен резултат, а тоа секако не е така. Песимистот го алармира тимот за ризиците и секогаш подготвува план Б, за разлика од нив оптимистите ретко имаат план Б.

Ако добро се менаџира со песимистите тие може да бидат од голема корист за тимот преку намалување на ризиците и зголемување на успехот.