Зошто е добро да јадете чоколада?

22

cokolado

Фото: Pixabay

Чоколадата, особено темната чоколада, може да биде навистина корисна доколку се конзумира во умерени количини. Затоа слободно почестете се и погледнете кои добри дела ги прави за организмот.

Добра е за срцето и циркулацијата

Темната чоколада помага да се врати флексибилноста на артериите и го спречува нивното запушување.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Љубителите на чоколада имаат за 17% помал ризик од мозочен удар.

Богата е со минерали

Темната чоколада содржи минерали потребни за нашиот организам, како калиум, цинк, селен и железо. Сто грама темна чоколада, онаа што има над 70% какао, ги задоволува дневните потребите за железо за 67%.

Го намалува холестеролот

Какаото е докажано дека го намалува нивото на лошиот холестерол, а со тоа и ризикот од срцеви болести.

Корисна е за бремени жени

Конзумирањето на чоколада е особено добро за бремените жени. Оние кои јадат чоколада почесто се смеат и ретко се под стрес, што е корисно и за бебето во стомакот.

Одлична е за кожата

Флавоноидите во чоколадата можат да ја заштитат кожата од штетните сончеви зраци.

Може да го спречи дијабетесот

Какаото ја зголемува чувствителноста на инсулин, па јадењето на темна чоколада може да го одложи или спречи појавувањето на дијабетес.

Го подобрува помнењето

Флавоноидите им помагаат на постарите лица полесно да помнат, а помага и за побрзо заздравување после потрес на мозокот.