Зошто е подобро да плаќате со кеш и да носите крупни банкноти

545

Ако во паричникот носите крупна банкнота може да заштедите пари. Психолозите велат дека луѓето обично размислуваат двапати пред да ги раситнат парите.

Затоа, експертите предлагаат да ги замените банкнотите од 10 или 20 долари во оние од 50 или 100 долари.

Концептот наречен “ментално сметководство“ има врска со начинот на којшто донесуваме финансиски одлуки, а што е во врска со нашите асоцијации коишто ги имаме кон парите.

“Ние ги третираме парите различно во зависност од тоа како ги категоризираме. Многу малите банкноти ги поврзуваме со ситни пари, додека големите банкноти ги поврзуваме со ‘специјални’ пари“, вели американскиот психолог Мери Грешам.

Едно истражување покажало дека попрво ќе ги потрошите парите ако носите пет банкноти од по 20 долари, отколку една од 100 долари. Истото истражување покажало дека учениците кои имале четврт долар купувале повеќе слатки од оние кои имале цел долар.

Картичките го зголемуваат трошењето

Голем проблем за вашиот паричник може да биде и плаќањето со картичка или мобилен телефон. Луѓето лесно трошат пари кога плаќаат со картичка бидејќи немаат допир со пари. За луѓето некогаш е “болно“ да се разделат од парите, додека со картичките немаат такво чувство.

Фото: Pixabay