Зошто емоционалната интелигенција е клучна за успешно лидерство

452

Емоционалната интелигенција (ЕИ) се однесува на способноста да се перципираат, контролираат и евалуираат емоциите. ЕИ влијае на тоа како управуваме со нашето однесување, како се справуваме со социјална комплексност и донесуваме лични одлуки со цел да постигнеме позитивни резултати. Освен личниот живот, емоционалната интелигенција е исто така многу важна во нашите деловни односи.

Високата емоционална интелигенција кај лидерите е една од главните вештини потребни за успешно водење.

Еден од поинтересните податоци во врска со важноста на емоционалната интелигенција на работа е корелацијата на емоционалната интелигенција и нивото на плата. Американски научници спровеле студија која покажала дека со поголема емоционална интелигенција, автоматски расте и платата. Ова сознание се покажа како точно во целиот свет, не само на американскиот пазар.

Меѓу луѓето опфатени со студијата, дури 90% биле исклучително успешни во својата работа и поседувале висока емоционална интелигенција. Спротивно, само 20% од помалку успешните вработени покажале завидно ниво на емоционална интелигенција. Очигледно е дека вештини како што се емпатија, сочувство, самосвесност и разбирање влијаат врз деловниот успех и дека емоционалната интелигенција и успешното лидерство се тесно поврзани.

Како успешните лидери ја користат емоционалната интелигенција?

Емоционално интелигентните луѓе претежно се поставени на високи лидерски позиции. Се поставува прашањето која е тајната за успех на емоционално интелигентните луѓе и каде емоционалната интелигенција која најмногу се користи при работа?

Во организација на задачите

Лидерите секојдневно комуницираат со голем број луѓе и организираат тимови. Со толку многу контакти со луѓето, емоционалната интелигенција е клучот за успешно лидерство. Иако можеби не комуницираат со секоја личност поединечно, важно е оние преку кои ја пренесуваат пораката да бидат свесни дека се грижат.

Успешните лидери не оставаат никој друг дача да им дава задачи на вработените, тие го прават сами. На овој начин, тие стануваат поблиски до вработените и дел од колективот.

На деловен состанок

Успешен лидер е во состојба да ги прочита лицата на сите во просторијата за состаноци. На пример, самиот јазик на телото зборува многу за тоа кој е заинтересиран, a кој би сакал да биде на друго место. Бидејќи емотивно интелигентните лидери се способни да го согледаат ова, тоа им дава можност да реагираат и да привлечат внимание.

За време на процесот на регрутирање нов член во тимот

Моментот кога емотивната интелигенција е огромна, секако е во текот на процесот на регрутирање. Една од целите што емотивно интелигентните лидери ја имаат за вработување е да се обезбеди дека новиот вработен има високо ниво на емоционална интелигенција.

Фото: Pexels