Зошто Финците се најсреќни луѓе на светот

174

Иако се наоѓаат на северот на европскиот континент, иако нивните ноќи можат да траат подолго од денови, иако поминуваат добар дел од годината на температури под нулата, Финците се најсреќните луѓе на светот. Ова се причините зошто е тоа така.

Финците поминуваат многу време во природа

Околу 70% од територијата на земјата е под шума. Опкружени со шуми и природа, тие се чувствуваат мирно, а некои од најпопуларните активности се долги прошетки и велосипедизам.

Земја на илјада езера

Финска се нарекува и “земја на илјада езера“. Водата во финските езера е толку чиста и здрава што можете да ја пиете од чешма и скоро секој ресторан ќе ви понуди бесплатна вода во бокал, дури и ако не побарате.

Пари за деца

Родителите на Финска добиваат по 100 евра за секое дете секој месец и интересно е дека овој детски додаток важи додека детето не наполни 17 години.

“Кралеви“ за рециклирање

Финците сфатија дека рециклирањето е неопходност, па дури и повеќе од 90% од отпадот се рециклира. Девет од 10 пластични шишиња се рециклираат.

Доверба во полицијата

Граѓаните тука многу веруваат во полицијата. Довербата е над 90%, а голема е и довербата во другите институции.

Бесплатно образование

Од мала возраст, децата се фокусираат на учење на јазик, така што во Финска повеќето жители зборуваат совршен англиски. Образованието е бесплатно во училиштата и универзитетите, а финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.

Фото: Pexels