Зошто Ford би можел да биде следната Tesla?

61

Вкупната пазарна капитализација на Tesla е над 1 трилион долари. Инвеститорите се „замајани“ од изгледите за производство на електрични возила. Меѓутоа, пред само неколку години, на оваа индустрија се гледаше со поинакво око.

Во 2010 година, автомобилските ветерани му се смееја на шефот на Tesla, Илон Маск, поточно на неговите тврдења дека имал план да го оддалечи светот од моторите со внатрешно согорување. Според експертите од автомобилскиот сектор, идејата потрошувачите да сакаат да купат електрични автомобили, уште повеќе оние произведени од компанија без искуство во производство, е апсурдна. Тие тврдеа дека тоа никогаш нема да се случи.

Една деценија подоцна, секоја голема автомобилска компанија во светот се обидува да го електрифицира својот возен парк.

Во повеќето случаи, сепак, ова едноставно нема да функционира, пишува Forbes.

Општо земено, Tesla ја претставува еволуцијата при лесните и леснотоварните возила. Она што ги прави возилата на компанијата уникатни е тоа што тие никогаш не биле дизајнирани за конвенционални автомобили со бензински или дизел мотори.

Повеќето компании кои најавуваат планови за електрифицирање на нивните возни паркови влегуваат на пазарот на електрични автомобили со нивните веќе „застарени“ модели, кои во иднина ќе бидат електрични. Овие нови возила ќе го развиваат пазарот на електрични автомобили, но нема да ја заменат Tesla.

Новиот извршен директор на Ford, Џим Фарли, во септември објави дека компанијата ќе инвестира 11 милијарди долари за изградба на нови погони за батерии во Глендејл, Кентаки и Стентон, Тенеси.

Американската компанија планира да ги зголеми инвестициите во развојот на електрични возила на 30 милијарди долари до 2025 година, околу една третина повеќе од минатогодишната прогноза.

Покрај тоа, Ford соработува со SK Innovation за да се зголеми производството во фабрика во изградба во Грузија. Комбинираното производство треба да обезбеди еден милион електрични автомобили до 2025 година.

Во мај, менаџерите на компанијата им предвидуваа на инвеститорите дека очекуваат 40% од вкупната продажба на компанијата да бидат целосно електрични автомобили до 2030 година.

Целосно електрична верзија на најпродаваното комбе на Ford eTransit ќе започне со производство кон крајот на овој месец.

Според Фарли, глобалната побарувачка за Mustang Mach-E надминува 200.000 единици.
Продажбата на теренци во Норвешка ги брка оние на електричните автомобили на Tesla. 77,5% од сите нови возила продадени во Норвешка се електрични автомобили.

Веќе има нарачки за електричниот пикап Ford F-150 Lightning кои достигнаа 160.000.

Она што го издвојува Ford е тоа што компанијата има план за транзиција кон електрификација, големи идеи и производство што се зголемува.