Зошто германските фармери се лути на Volkswagen

40

Земјоделците во Германија во последно време не се во најдобри односи со Volkswagen. Нив ги вознемирува таканаречената зелена политика на овој производител на автомобили, но и на други компании.

Тие беа особено погодени од одлуката на Volkswagen минатата година да не нуди месни производи во фабричката менза во Волфсбург.

Земјоделците собрани околу здружението Freie Bauern сега најавуваат дека нема да купуваат возила на Volkswagen. Стотици земјоделци веќе го потпишаа повикот за бојкот.

Земјоделците тврдат дека нивниот бизнис не влијае на климатските промени и дека Volkswagen треба да ја промени својата одлука, односно да ги врати менијата со месо и колбасите во мензата.

Во знак на протест интервенираа со боја на логото на возило на VW. Го обоиле така што останала само буквата V што ја симболизира нивната победа против Volkswagen.