Зошто Индонезија прво ќе го вакцинира работоспособното население

133

Индонезија се подготвува за почеток на масовна имунизација против коронавирус, каде приоритет ќе има работоспособното население, а не највозрасните лица, што е случај во повеќето земји кои го имунизираат населението.

Индонезиските власти сметаат дека со имунизација на работоспособното население побрзо ќе се постигне колективен имунитет и ќе оживее економијата.

Нивниот план е прво да се имунизираат здравствените работници и вработенте во јавниот сектор кои работат најризични работи, односно имаат најголема шанса да се заразат со вирусот. После тоа сите луѓе на возраст од 18 до 59 години.

Зошто луѓе на возраст меѓу 18 и 59 години?

Ова е возрасна група која учествувала во клиничка студија на кинески Sinovac, чии вакцини ги увезува Индонезија. Вакцината се покажа како безбедна за нив, но сè уште нема потврда за тоа како влијае на другите возрасни групи.

Сепак, некои аналитичари гледаат поинаква логика во оваа одлука. Професорот Дејл Фишер од медицинското училиште Јонг Лу Лин на Националниот универзитет во Сингапур смета дека работоспособното население е поактивно и повеќе е во контакт со други луѓе. Затоа, вакцинацијата на оваа возрасна група ќе ја намали стапката на пренесување на вирусот. Постарите луѓе имаат поголема веројатност да имаат компликации поради Ковид-19, но исто така и помалку шанси да се заразат со вирусот.

Пандемијата ја турна Индонезија прв пат после две децении во рецесија, а доколку животот не се врати во скоро време во нормала, тешко дека економијата ќе почне да закрепнува.

Фото: Pixabay