Зошто KINGA ги менува парадигмите поставувајќи нови правила за кујнските мијалници

297

За убавината на кујната да биде комплетна, покрај одличната комбинација на бои и дезени, потребно е да се обрне внимание и на мијалникот. Изборот е голем и звучи не толку едноставно, но затоа како и секогаш тука сме ние за да Ви го претставиме најдоброто.

kinga_glavna

Гранитниот мијалник KINGA LX8620 кој потекнува од италијанскиот гигант TELMA, составен од кварцна прашина и висококвалитетни смоли и силикати, со млечно бела боја на двете длабоки корита, покрај тоа што зрачи со неизмерна доблест  и убавина, ги поседува сите квалитети кои можат да ги задоволат потребите на секое семејство.

CLEAN + – Доколку сакате да ставите крај на секогаш неуредниот мијалник од остатоците од храна и дамките од вода или се чувствувате уморно од тешкото одржување и постојаната закана од лоша миризба и размножување на бактериите, а исто така посакувате да внесете необично привлечен за очи мијалник, KINGA LX8620 е одличен избор за Вас. Благодарение на Clean + заштитата која што е вградена во структурата на мијалникот уште во текот на производството, хигиената и свежината траат подолго и даваат извонредно чист и јасен изглед на самиот мијалник и целата работна површина.

ЕФЕКТ НА ЛОТОСОВ ЛИСТ – Не смее да се заборави и извонредниот ефект на лотосов лист, односно секоја капка вода не се задржува долго на површината на мијалникот, туку нежно се лизга, сè со цел да не остави трага при нејзиното сушење. Ова придонесува за зголемување на неговата функционалност и хигиенска сигурност.

ДОДАТОЦИ – Како додаток на KINGA LX8620 мијалникот се двете лизгачки плочи направени од кален кристал кои можете да ги искоритите за сечкање, а воедно и да ја покриете целата отворена површина на коритата. Со самото тоа ке создадете нов лик на мијалникот и модерен кујнски амбиент. Квалитетот на овој мијалник се состои и во високата отпорност од удар и гребнатини, како и на дамки и нечистотија.

MICROSTOP – Со помош на Microstop антибактериската заштита можете засекогаш да заборавите на бактериите и непријатната миризба која ја предизвикуваат. Заштитете го целото семејство, а воедно добијте секојдневено свежа и ведра перспектива на Вашата кујна, збогатена со елеганцијата, нежноста и совршениот блескав сјај токму на овој мијалник.

ARIAPURAУништете ги засекогаш непријатните миризби кои доаѓаат од кујната, произведени при готвење, како и прашина или чад од цигари и претворете ги органските и неорганските загадувачи во безопасни минерални соли, со помош на ARIAPURA технологијата. Состојката која е присутна во мијалникот, под дејство на природна или вештачка светлина, го активира феноменот наречен фотокатализа. Со тоа Вашиот мијалник има способност да го прочистува воздухот, а Вие имате можност да забележите како тој навистина “дише”. Дозволете и на Вашата кујна да заблеска од убавина и чистота, а воедно  препуштете и на ARIAPURA секојдневно да се грижи за Вашето здравје.

sl_1

footer_vitrina