Зошто колешките се исклучително важни за секоја ИТ компанија

280

Неодамнешните истражувања покажаа дека жените се подобри програмери, а уште во 1967 година, Др. Грејс Хопер објасни зошто. Според неа, програмирањето е природно за жените, таа го споредувала програмирањето со планирањето на вечерата: мора да планирате сè однапред и да закажете различни активности за на крајот резултатот да биде задоволителен.

Честопати се зборува за предрасудите кон жените, не само во ИТ индустријата и за тоа како тие се помалку застапени и помалку платени од нивните колеги за истата работа.
Издвојуваме неколку причини зошто на секоја ИТ компанија ѝ требаат жени и зошто колешките се исклучително важни.

Тие одлично комуницираат

Одамна е познато дека комуникацијата е една од најсилните женски вештини. Жените комуницираат често, јасно и отворено.

Тие постигнуваат рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот

Жените се одлични лидери затоа што веќе научиле да го балансираат својот личен и деловен живот. Истражувањата покажаа дека жените се грижат за нивниот тим, што ја зголемува тимската продуктивност. Тие се проактивни како ментори, поотворени и комуникативни, што им помага на сите во тимот.

Емпатични се

За повеќето жени, емпатијата е вродена и тие вреднуваат квалитетни односи. Ова им овозможува да ги разберат луѓето околу нив и да разберат што ги мотивира.
Се фокусирани на тимска работа

Тие се страсни ентузијасти и имаат неверојатен капацитет, донесуваат храбри и мудри одлуки и се потпираат на својот тим.

Одлични во мултитаскинг

Нивната способност да одговорат на сите предизвици во проектот и да се справат со сите измени или проблеми што се појавуваат е неверојатна.

Не се егоистични

Честопати има голем проблем со мажите – егото. Жените имаат поинаков поглед на егото и можат да го задржат под контрола.

Флексибилни се

Жените се флексибилни. Кога работите не одат во посакуваната насока, тие можат да се прегрупираат и да ги променат работите на подобро без многу двоумење.

Фото: Pixabay