Зошто компаниите од Силиконската долина се селат во Мајами

92

Дел од американската економија брзо ја напушта Силиконската долина и се сели во земји како Тексас и Флорида. Една од клучните причини за ова е висината на данокот, што го прави нивниот бизнис значително поскап во Калифорнија, но тоа не е единствената причина за овие преселувања. Силиконската долина, велат од овие компании, ја изгуби харизмата што ја поседуваше во 90-те години кога беше рај за претприемачите, особено амбициозните од технолошкиот сектор.

Силиконската долина полека ја губи својата привлечност, судејќи според веста за зголемениот број на компании кои ја напуштаат Калифорнија во потрага по помалку преполни локации кои, што не е занемарлив мотив, нудат и пониски даноци. Затоа Oracle, Hewlett-Packard и Tesla одлучија да го преселат својот бизнис во Тексас.

Покрај Тексас, една од најпопуларните дестинации деновиве е Мајами. Овој сончев град со години се обидува да го смени имиџот на главниот град на забавите во плодна почва за развој на стартапи.

За време на пандемијата на коронавирусот тоа му успеа. Според агентите за недвижнини, побарувачката за станови и деловни простории во Мајами е на својот врв веќе 20 години.

Што нуди Мајами?

Според нивните претставници, компаниите се преселуваат во овој град најмногу поради “добрата деловна околина“. Во превод – заради пониските даноци, поевтината кирија и генерално подобриот сооднос цена-трошоци. На пример, квадратен метар канцелариски простор во Мајами во просек изнесува 45,45 долари, а во Сан Франциско (каде што е Силиконската долина) 64,12 долари.

Фото: Pixabay