Зошто Ковид-19 кај некои луѓе поминува безопасно, а кај други може да биде фатален

50

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информација за обезбедување на средства за купување на реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во износ од шест милиони денари.

Одобрените средства се наменети за проектот Имуногенетски профил на пациенти со тешка клиничка слика на КОВИД-19, којшто ќе опфати анализа на најмалку 100 пациенти со тешка слика на болеста како и членови на нивни семејства и околу 1.000 пациенти со прележан КОВИД–19 за да се дојде до одговори на повеќе прашања, од кои најважно е зошто кај некој луѓе таа поминува како безопасна, а кај други може да биде исклучително тешка и дури и фатална.

Фото: Pexels