Зошто на вашиот бизнис му е потребен план за операции?

70

plan

Фото: Pixabay

На првиот работен ден како уредник на градскиот весник, издавачот ми врачи книга со процедури. Таму беа објаснети моите рокови, какви стории се пожелни, а какви не во весникот, како да се однесувам со колумнистите, како да ракувам со факс машината, како да одговарам на телефонот, како да го подготвам весникот за печатење секој вторник пред полноќ. Прелетав низ книгата набрзина, но никогаш не се вратив назад на неа затоа што бев презафатен обидувајќи се да го завршам весникот секоја недела. Направив многу грешки на почетокот на кариерата, затоа што не обрнував внимание на овие внимателно објаснети процеси. Дали ви звучи ова познато?

Многу мали бизнис се движат со брзина на светлината, зафатени се со таргетирање и селектирање на нови клиенти, со помагање на постоечките клиенти, подобрување на продажниот микс и цените, ажурирање на веб страниците, менаџирање на вработените и обезбедување на плати. Со социјалните медиуми, има уште неколку дневни задачи што треба да се завршат. Но, почекајте, што е со големата слика?

Пишување на прирачник за операции

Повеќето растечки компании ќе придобијат од развивањето на план за операции и активности. Ова е документ кој се ажурира редовно и често, кој ги содржи целите на компанијата, стратегиите и процесите. Друг начин на кој може да размислувате за ваквиот план: тоа е прирачник за исполнување на целите на компанијата. Повеќето помали компании немаат ваков план и во тоа е грешката, вели Џад Бар, сопственик на консултантска компанија од Сан Франциско.

„Има многу одлични компании со одлични идеи, но штом излезат на пазарот и почнат да растат, операциите не се развиваат во чекор со нив. Потоа компанијата има проблеми со готовинскиот тек, задоволството на купувачите, доцни испораката, а квалитетот е лош”.

Планот за операции може да ги вклучи стратегијата и процесите за технологија, луѓе, капитал/финансии, продажба и маркетинг, ланец на добавувачи, логистика и истражување и развој. Секоја компанија мора да ги има документирано сите процеси на поддршка, како што се човечките ресурси, платите и сметководството, за да го заштити бизнисот доколку се сменат лидерите или дојде до преземање. Мора да се знае како се водат работите во компанијата, вели Џон Вилкерсон од консултантска компанија во Атланта.

Кога ви е потребен план и како да почнете

Кога компанијата ќе почне да расте. „Нашата консултантска компанија започнуваат со детална анализа на процесите на клиентите, од развој, преку маркетинг, до односи со клиентите. Оваа вежба помага во согледувањето на местата на кои доаѓа до прекин во ланецот и резултира со акционен план. При креирањето на визуелни мапи се користи Microsoft Visio, од кои пак се гледа како се склопуваат различните активности во организацијата и како тие придонесуваат (или не придонесуваат) за севкупната вредност на бизнисот“, вели Бар.

Бар ги опишува искуствата на еден клиент, мала компанија за чанти од Сан Франциско. Со нив тој разработил процес за планирање на продажните операции со што менаџерите секој месец ја ревидираат продажбата, а со тоа во исто време прават 12 месечен план за процесот на производство кој претходно не бил поврзан со продажбата. Тимовите за продажба и маркетинг сега секоја недела се среќаваат со колегите од производство – активност која им помага да видат што се работи во тимот за развој на производи. Со ваквите промени, компанијата работи кон остварување на заеднички цели, наместо во силоси.

Вилкерсон користи пристап во 3 чекори за да направи анализа на моменталниот стадиум на развој на компанијата, идниот стадиум и иницијативите кои треба да ги преземе компанијата. За секоја иницијатива, како што е почеток на работење во ново поле, компанијата ќе ги разгледа финансиите, талентите и операциите, како и потенцијалните клиенти. На крајот, извршните директори пресметуваат трошок за развој и ги пресметуваат повратокот на инвестиција и проекциите на приходи.

Наместо да ги документира процесите на дневно ниво, тој работи на повисоко ниво. Сепак, бизнисот мора да има два плана – оперативен за активности на дневни ниво и друг, долгорочен. Во ваков случај, Вилкерсон предлага да се интегрираат двата плана. Во спротивно, вели тој, може трошоците да пораснат многу, ќе треба да потрошите многу време на гаснење пожари и нема да растете брзо, ниту пак ќе може да обезбедите долгорочна одржливост.

Операциите не се толку привлечни како маркетингот или развивањето на нови производи. Сепак, тие се крвотокот на секој бизнис.

(Текстот е преземен од  http://www.entrepreneur.com/article/223973?cam=Dev&ctp=Carousel&cdt=17&cdn=223973)

Доколку сакате да дознаете повеќе на темата операции и процеси, запишете се во програмата на CEED за Управување на процеси и операции. За повеќе информации посетете ја нашата web страна или контактирајте ја Весна Кардалевска на [email protected].