Зошто не треба да претерувате со оптимизмот во бизнисот

36

За да станете успешен претприемач потребна е одредена доза на оптимизам. Оптимистите гледаат можности во секоја потешкотија. Не може да ги остварите големите соништа без да се осмелите да сонувате за нив или да преземете ризици ако не верувате во себе. Оптимистите најчесто се дефинираат како личности кои ја гледаат чашата половина полна, наместо половина празна, бидејќи тие секогаш се обидуваат да го пронајдат доброто во сè. Тоа резултира со намалување на стресот, анксиозноста и претставува мотивирачки пристап кон животот што кај песимистите недостасува.

Но, иако истражувањата покажуваат дека позитивното размислување и оптимизмот им помагаат на луѓето да имаат подобар живот, претераниот оптимизам понекогаш може да предизвика да бидат “слепи“ кон реалноста, особено во однос на бизнис и финансиски прашања. Не е мудро да продолжите да се смеете и да се надевате дека ќе се случат добри работи кога се наоѓате пред пропаст.

Бизнис моделите и економијата се менуваат брзо и затоа не треба да се потпрете, водејќи се од мислата дека имате најдобра бизнис идеја или тим. Оптимизмот може да придонесе лоши одлуки, неподготвеност, неуспех.

Секој клиент не може да биде задоволен

Невозможно е да се направи секој клиент да биде среќен. Може да целите да ги направите вашите клиенти задоволни со услугите и производите што ги нудите, но ако постојано “трчате“ по нив може нема да успеете.

Неуспесите се случуваат

И најуспешните претприемачи доживеале тешки периоди и неуспеси. Без разлика што имате добра стратегија, проблемите, разочарувањата и неуспесите се случуваат. Оптимизмот нема да дозволи да ја изгубите контролата, но потребно е и да ги признаете неуспесите и да научите нешто од нив. Многумина претприемачи сметаат дека клучот на успехот е никогаш да не се откажат. Но, постојат ситуации кога откажувањето е неопходно и соодветен потег.

Следење на реалната финансиска состојба

Следете ја редовно финансиската состојба на вашата компанија и споредувајте ја со претходните извештаи. Обрнете внимание на вашата продажба, приходи, добивка или раст за да имате реална и јасна слика за бизнисот што го водите.

Чувство на страв

Иако оптимистот тежнее да биде бестрашен, потребно е одржување на здрава доза на страв. Чувството на страв ќе ве натера да размислите двапати и ќе ве заштити од брзо донесување одлуки.