Зошто Новак Ѓоковиќ мораше да го затвори ресторанот во Монте Карло

265

Бизнисот којшто Новак и Јелена Ѓоковиќ пред неколку години го започнаа во Монте Карло ќе мора да почека некое подобро време. Имено, ресторанот којшто беше погоден за вегетаријанци и во којшто се хранеа бројни познати личности е затворен.

Тие го затвориле ресторанот бидејќи тој дел од градот се реновира и сите продавници и деловни објекти ќе мора одреден период да бидат преместени, пишува српски Blic.

“Не знам дали по реконструкцијата ќе продолжат да работат на истото место. Ако одлучат можат да отворат ресторан и на друга локација. Новак и Јелена беа чести гости во својот ресторан бидејќи јадеа оброци кои беа подготвувани по нивен план и програма“, вели за Blic, добро упатен извор.

Ресторанот на Ѓоковиќ беше еден од најпопуларните во Монте Карло, особено поради тоа што беше во негова сопственост, па негови фанови од целиот свет доаѓаа во него надевајќи се дека ќе го сретнат.

Фото: Facebook