Греењето во текот на зимските месеци претставува вистински предизвик, како за семејниот буџет, соодветната температура во домот и за животната средина. Пелетите во последни неколку години добиваат на популарност, бидејќи стануваат прв избор за многу семејства кои сакаат економичен, еколошки и ефикасен начин на загревање на домот.
Пелетите важат за еколошко гориво со висока калорична вредност што се добива со преработка на остатоци од дрвната индустрија. Целиот дрвен отпад како што е пилевина, струганици, парчиња дрво… се мелат, а потоа се се сушат за да се ослободи вишокот влага за да можат полесно да горат. На висока температура, под притисок се формираат пелетите во нивниот облик.
Најдобар вид на дрво за изработка на пелети е буката, а овие пелети се 100% природни.
Постојат неколку важни предности што ги прават пелетите уникатно за греење во текот на зимските месеци:
- Се работи за еколошки огревен материјал
- Не емитува штетни гасови
- При согорување на пелети се ослободува иста количина на јаглерод диоксид што дрвото го користи во текот на својот раст.
- Џадот што е нуспроизвод од согорувањето на пелети не е токсичен
- Еден тон пелети може да замени 4.900 kWh струја или 450 килограми плин.
Доколку имате можност да се греете на пелети, во тој случај кога ги купувате треба да внимавате да имаат сертификат на пакувањето Enplus. Производителите на сертифицирани пелети најмалку еднаш во годината поминуваат низ интерна контрола на Enplus инспектори, што земаат примерок од пелетите и ги носат во лабораторија на анализа. Важно е да знаете дека квалитетните пелети мирисаат на дрво, а не на хемиски состојки и не се подолги од четири сантиметри.
Фото: Pixabay