Зошто Porsche го повлекува најевтиниот модел во Европа

36

Иако се најевтините, 718 Boxster и Cayman не ја формираат основата на понудата на Porsche во однос на продажбата. Како и во случајот со бензинскиот Macan, Porsche одлучи да ги повлече овие два модели од пазарот поради законските прописи кои стапуваат на сила во ЕУ од јули годинава.

Како што пренесе  Motor1, портпаролот на Porsche за 718 потврди дека понудата за двата модели ќе биде прекината во ЕУ, но со одредени исклучоци.

Една од нив е дека моделите ќе се нудат надвор од ЕУ, додека специјалните верзии како Cayman GT4 RS и Boxster RS ​​Spyder ќе останат во продажба. Имено, поради ограниченото производство, овие автомобили се изземени од прописите поврзани со сајбер безбедноста.

Проблемот произлегува од електричната основа што ја користат Boxster и Cayman, која не ги исполнува претстојните прописи. Прилагодувањето на новиот закон ќе го чини Porsche приближно половина од буџетот што се користи за целосно нов модел, кој не е финансиски одржлив.

Четвртата генерација на Boxster/Cayman дебитираше во 2016-та година под внатрешното кодно име 982. Првата генерација на Macan е уште постара, бидејќи е на пазарот од 2014та година.

Повлекувањето на 718 од ЕУ веројатно нема значително да влијае на продажбата на „Porsche“, додека бензинецот Macan е жешка стока.

Macan отсекогаш бил силен пазарен адут за компанијата од Штутгарт. На глобално ниво, со 87.355 продадени примероци во 2023-та година, тој модел помина околу четири пати подобро од 718.