Зошто постојано чувствувате глад?

25

gotvenje-pexels

Фото: Pexels

Секојдневниот начин на живот во голема мера влијае на квалитетот на животот на секој поединец, а со тоа и на неговото здравје. Гладот не секогаш се појавува само кога ни е празен стомакот, туку и поради некои секојдневни навики, кои влијаат на нашето здравје.

Прескокнување на оброци

Преголемиот број обврски во текот на работниот ден се најголемите “виновници“ за нередовната динамика на исхрана. Доколку од дома си подготвите храна за на работа, ќе ја имате на ум и нема да имате оправдување дека не сте имале време да си купите или подготвите нешто за јадење, додека сте на работното место. Житарките или јаткастите плодови се идеален оброк додека сте на работа, бидејќи ја даваат потребната енергија за да го издржите напорниот работен ден.

Постојан стрес

Стресот значително може да влијае на “лажното“ присуство на чувството за глад. Секој од нас треба да научи да го препознае стресот и да се избори со истиот, но не со внесување на непотребна количина на калории.

Дехидратација

Напијте се чаша вода, чај или кафе наместо непотребно да внесувате уште една порција од омиленото јадење.

Недоволно спиење

Здравиот сон се рефлектира на сите витални функции во организмот, како што се срцето и мозокот, а со тоа и на апетитот. Доколку јадете за да останете будни, веднаш престанете со таа лоша навика.