Зошто работниците даваат отказ и покрај добрата плата?

220

Работодавците понекогаш мислат дека високата плата „решава сè“, но се покажа дека тоа не е така.

Директорот понекогаш се прашува зошто ги напуштаат и најдобрите работници, кога „имаат одлични услови, плата над просекот, постојан работен однос,  годишен одмор по план“.

Ова се некои од причините

Дали сте склони да ги “закопате“ добро платените работници со работа? Доаѓа време кога сфаќаат дека високата плата повеќе не вреди за здравјето и исцрпеноста на работа, па често се откажуваат. Форсирањето на работниците е главно контрапродуктивно на долг рок – тоа му штети на самиот работодавец. Истражувањата покажаа дека продуктивноста паѓа ако работите повеќе од 50 часа неделно.

Секој вработен сака да слушне убав збор, да добива пофалби или награда за придонесот на компанијата, а ако тоа не е случај или ако работниците ги земате премногу „здраво за готово“ – многу е можно тие да бараат подобра деловна можност на друго место. Обидете се да се грижите повеќе за вашите вработени.

Важно е да ги почитувате приватните обврски на вашите вработени, но и да ги исполнувате ветувањата. Ако дадениот збор се игнорира, работниците добиваат впечаток дека не ги почитувате и дека ќе биде тешко да напредувате на дадена работа. Исто така, тие имаат несигурно чувство за работата и компанијата во која работат доколку видат како се унапредуваат луѓе кои „не заслужуваат“ таков напредок.

Покрај тоа, работниците често одлучуваат да дадат отказ доколку имаат слаби шанси да ги подобрат своите знаења и вештини. Ова особено важи за најталентираните кадри, кои се стремат кон повисоки цели, желни за учење, нови предизвици и идеи.