Зошто сè почесто вработените брзо ја напуштаат компанијата

126

Најновите истражувања покажуваат дека луѓето сè почесто ја напуштаат работната позиција за релативно кратко време.

Анализите на BambooHR велат дека просецот на интеграција во новата средина не оди најдобро, вработените не се поврзуваат со организацијата и резултатот е заминување.

Според извештајот, еве како изгледа табелата базирана на тоа колку проценти од вработените заминуваат во одредено време:

  • Прва недела: 16,45%
  • Прв месец: 17,42%
  • Втор месец: 16,77%
  • Трет месец: 17,42%
  • Четврт месец: 10,97%
  • Петти месец: 5,48%
  • Шест месец: 14,48%

Некои од причините поради коишто се случуваат овие напуштања се недоволно посветено внимание, премногу обврски, недоволно ценење, недоволно квалификации за работата.

Вработените ги потенцирале и следниве неколку причини:

  • Промена на типот на работа
  • Поинакви обврски од очекуваните
  • Недоволен тренинг/обуки
  • Недоволна забава
  • Лош претпоставен

Што нововработените сакаат на почетокот

На вработените многу им значи кога нивните претпоставени им даваат јасни насоки за работата и им помагаат да се вклопат во компанијата.

Освен тоа новите вработени би сакале да ги добијат и следниве неколку работи:

  • Релевантен тренинг
  • Преглед на политиките на компанијата
  • Тура низ просториите, покажување на опремата и запознавање со процедурите
  • Пристуство на ментор.

Изненадувачки бесплатните оброци воопшто не спаѓаат во приоритети.

И професиоанлците од секторот Човечки ресурси мислат дека има неколку точки на коишто е клучно да се обрне внимание:

  • Вработените треба да добијат упатство што е јасно, навремено и релеватно.
  • Тренинг,обуки коишто треба да продолжат и по првата недела.
  • Менторска програма за побрз учење заедно со пријателска околина за подобро вклопување во средината.

Фото: Pixabay