Зошто треба да ги пофалите своите работници

111

Позитивниот фидбек е клучен за градење на голем тим што постигнува добри резултати. Добриот лидер ги препознава волјата и напорот на тимот. Пофалбата на вработените е ефикасна и докажана стратегија за подобрување на нивната ангажираност.

Таа има моќ да влијае врз моралот, продуктивноста, ангажираноста и лојалноста на работниците. Од друга страна, лидерот што не дава пофалба на тимот се соочува со немотивирани и загуба на најдобрите работници. Не чекајте само одлични потези, туку пофалете ги работниците и за приближно добро извршената работа, а одличните резултати ќе се случат поскоро. Ова се неколку причини зошто треба да ги признаете достигнувањата на своите работници.

Ја зголемува продуктивноста

Кога работникот одлично ќе заврши некоја работа, работодавачот го препознава и наградува неговиот успех, тогаш вработениот го повторува тоа однесување со цел да добие повеќе признанија.

Поткренување на морал

Моралот на работниците е суштински елемент на секоја операција. Зголемениот морал има тенденција да инспирира поголема продуктивност, креативност и целокупно задоволство. Покажувајќи благодарност за вредните придонеси на работникот е одличен начин за зајакнување на моралот.

Посреќна работна средина

Среќните работници прават среќна работна средина. Наградувањето на работниците придонесува тие целосно да се вложат во бизнисот. Тие се чувствуваат сакани, ќе се смеат, ќе бидат продуктивни… Исто така ќе исчезнат и тензиите на работното место.

Лојалност и посветеност

Лојалноста во голема мера е инспирирана од индивидуално внимание.

Фото: Pexels