Зошто треба да менувате работни места

21

Промената честопати е тешка, но тоа што ќе го добиете може двојно да се исплати, како на приватен, така и на професионален план. Иако мислите дека не треба да менувате работно место, експертите даваат неколку причини зошто понекогаш е потребно да го сторите тоа.

Тапкате во место

Можеби се чувствувате удобно во комфорната, работна зона, но комфорот не носи нови можности и шанси за уште подобро утре. Промените се потребни за да се оди напред, да се биде подобра верзија од сегашната. Секогаш има простор за подобрување, затоа “не тапкајте во место“.

Губите пари

Експертите велат дека кога менуваме работни места, можеме да бараме поголема почетна плата. Сигурно нема да менуваме работа за помала сума, па согласно на тоа прифаќаме понуди што се поисплатливи. Професионалците кои бараат нова работа, тоа можат да го прават од својата сигурна зона, односно моменталната позиција. Во спротивно, може со години да останете на исто работно место, за исти примања.

(Не)моќ на убедување

Не треба да дозволувате внатрешниот неразумен глас да ве сопира во потрагата по повеќе. Можеби ви се случило сами себе, во немоќ, да се убедувате дека што и да направите нема да биде значајно или пак што е уште полошо самите да ги поткопувате сопствените можности. Направете го токму спротивното, верувајте дека можете и тргнете во поход.

Лидерство

Дали им се восхитувате на одредени професионалци, лидери и тајно посакувате да бидете како нив? Не посакувајте, туку делувајте. Доколку ништо повеќе не можете да постигнете онаму кај што сте, време е за промени што ќе водат кон остварување на амбициите.

Остварување

Истражете го малку сопственото ЈАС и она што навистина ве прави среќни. Времето си поминува, па затоа не треба да бидете каде што не сакате и да правите нешто што не ви носи задоволство. Иако сте несигурни дали ќе најдете подобро решение, треба да се обидете. Понекогаш може да се пронајдете и во некои други полиња на интерес за коишто сте мислеле дека не се за вас. Затоа бидете отворени кон сите можности.

Фото: Pixabay