Зошто ви треба контент маркетинг?

156

Untitled-1

Овој текст е дел од Дигитален Маркетинг 101 серијата.
Регистрирајте се за целата серија и добивајте бесплатни маркетинг лекции директно на Вашиот email!

За почеток да разјасниме една работа – со што и да се занимавате, доколку имате веб сајт, сопствен блог или менаџирате профили на социјални медиуми – ќе ви треба и содржина!

Контент маркетинг всушност претставува наједноставен начин да добиете нови потенцијални клиенти кои ќе ги конвертирате во потрошувачи. Доколку сакате да ја постигнете оваа цел, треба да следите неколку правила коишто ќе ви помогнат да ја подобрите содржината која ве претставува на интернет и пред целната публика.

Запознајте ја вашата целна група

Доколку сакате да имате посети на вашиот веб сајт, кои потоа ќе ги конвертирате во лојални потрошувачи, најпрво треба да знаете какви посетители имате. Односно, да знаете за каков тип на содржина се заинтересирани оние кои го посетуваат вашиот веб сајт и како истата таа содржина да ја искористите за да може да ги придобиете новите посетители.

За таа цел, потребно е да ги земете предвид следните прашања:

How-to-reach-your-target-audience

Која е вашата целна група?

Доколку имате креирано бизнис или маркетинг план, голема е веројатноста одговорот на ова прашање да ви е веќе познат. Но доколку сè уште не сте прецизирале каков тип на луѓе спаѓаат во вашата целна група, во тој случај, креирањето на бизнис план треба да биде вашиот прв чекор.

Со какви информации располагате во врска со вашата целна група?

Доколку имате посетители на вашиот веб сајт, вие веќе имате одредени информации кои ќе ви помогнат подобро да ја запознаете вашата целна група. Преку користење на алатки како Google Analytics, лесно ќе можете да дознаете каков тип на содржина е привлечна за вашите посетители. На овој начин ќе знаете точно што е она што функционира, односно ви генерира посети, па така и ќе знаете во која насока да ја водите вашата маркетинг стратегија.

Дали навистина го имате истражено пазарот?

Вашата постоечка база на посетители/клиенти е одличен извор на информации. Наједноставен начин е да ги прашате своите потрошувачи што мислат во врска со вашиот производ или услуга, како сметаат дека може да се подобри и дали имаат предлози кои би ви помогнале да ги задоволите нивните потреби. Некои од начините за оваа цел се email прашалник, можност да одберат помеѓу неколку понудени опции или пак да ги искористите можностите што ги нудат социјалните медиуми. Уште еден добар начин да го дознаете мислењето на потрошувачите е да бидете постојано информирани што се случува на пазарот. Пронајдете форуми каде може да прочитате мислења поврзани со вашата индустрија, каков тип на прашања поставуваат заинтересираните лица, какви поплаки имаат? Пронајдете го проблемот кој постои и пробајте да го вметнете во содржината на вашиот веб сајт, блог или социјални медиуми. Пробајте да обезбедите одговор, односно решение за проблемот со кој се соочува вашата целна група.

Креирајте содржина која одговара на вашиот бизнис модел

Вредноста која ја претставувате е она што ве одвојува од останатите конкурентски компании. Потребно е време и многу истражување да го пронајдете вистинскиот начин со кој ќе се претставите пред целната публика, меѓутоа овој чекор е од суштинска важност за тоа дали понатаму посетителите ќе ги придобиете и како потрошувачи или пак ќе продолжат да го бараат решението за својот проблем на следната интернет страна.

shutterstock_153477284

За оваа цел, ви препорачуваме да дадете одговор на следните прашања:

Каков проблем решавате? На кој начин придонесувате кон негово решавање? Што е она што ви дава предност во однос на останатите компании кои нудат ист или сличен производ/услуга?

Откако ќе ја одредите вредноста што им ја нудите на вашите потрошувачи, ќе може да преминете на следниот чекор, односно да развиете контент стратегија која ја поддржува вашата мисија.

Поставете цели за вашиот контент маркетинг план

Штом започнете со креирање на стратегија, потребно е да ги имате во предвид сите показатели според кои ќе се водите за да го измерите успехот на таа стратегија. Во овој случај, тоа може да бидат дневни посети на вашиот веб сајт, нови регистрации на вашиот newsletter или интеракција на социјалните медиуми.
Доколку бројот на продажби е главниот фокус на вашата цел, тогаш бројот на остварени купувања ќе биде показателот што треба да го следите. Доколку сакате да постигнете поголемо присуство на социјални медиуми, вниманието ќе го насочите кон бројот на споделувања на содржината што ја објавувате. Голема е веројатноста да имате повеќе извори на показатели кои ќе ви помогнат да сфатите дали одите во вистинска насока кон остварување на целите.

Она што е битно е да сфатите дека треба постојано да се навраќате и да анализирате која тактика функционира, а која не и зошто е тоа така? Што треба да промените за да се вратите на саканата патека која води кон зацртаните цели?

Smart-Goals

Оптимизирајте го вашиот контент маркетинг

Откако ќе ја идентификувате вашата целна група, вредноста што ја нудите и метриките кои покажуваат како се движите кон остварување на целите, потребно е да ја објавите содржината која ќе стигне до вашите потрошувачи.

Многу е важно да знаете што е она што го пребарува вашата целна група, а е поврзано со вашата индустрија. За оваа цел ќе треба да прегледате кои се препораките што ви ги дава алатката Keyword Planner на Google. Со помош на оваа алатка ќе можете полесно да ја формулирате содржината што ја објавувате, насловите и текстовите.

Исто така, секој пат кога посетител ќе дојде на вашата веб страна, потребно е да има брз и едноставен пристап до продажниот процес и секако, достапен начин да ја сподели вашата содржина на социјалните медиуми. Немојте да заборавите да додадете опција за регистрирање на вашиот newsletter, односно можност посетителите да бидат известени секој пат кога има специјална понуда, нов производ/услуга или сезонско намалување.

Креирањето на содржина која привлекува посетители не е едноставна работа, меѓутоа доколку вложите доволно труд, бидете сигурни дека истиот ќе ви се исплати.

Доколку сакате да дознаете повеќе за дигиталниот маркетинг, регистрирајте се на бесплатниот 30 дневен курс и добивајте лекции директно во вашето емаил сандаче.

email-marketing2