Зошто Зара е недостижна за конкуренцијата?

433

zaraБизнис моделот на брза мода што го практикува популарната Зара, за конкурентите како JCPenney и Sears е невозможно да се следи, пишува Business Insider.

“Зара својата облека ја произведува во Шпанија и може многу брзо да вади нови дизајни. Од друга страна, повеќето корпоративни стоковни куќи само ги модифицираат туѓите дизајни и ги праќаат во азиските фабрики, каде работат слабо платени работници. Додека таа облека да се врати во продавниците, модата веќе поминала”, пишува Business of Fashion.

Стратегијата на Зара вклучува помалку резерви облека и често менување на колекциите. Наместо да исфрлаат по една колекција во сезоната како другите брендови, Зара се појавува со нов дизајн два пати неделно. Оваа стратегија има двоен ефект. Прво, ги охрабрува потрошувачите често да се враќаат во продавниците. Второ, ако сака да купи нешто, треба да го купи веднаш, затоа што ако чека или размислува, никој не му гарантира дека ќе го најде истото парче облека кога ќе влезе следниот пат.

Овој модел на Зара функционира затоа што има вработено 250 дизајнери, кои главно копираат се што ќе видат на модните писти. Освен што имаат фабрики, во стабилноста им помага и тоа што имаат и сопствени продавници.

Сопственик на Зара е еден од најбогатите луѓе на светот, Аманцио Ортега Гаона. Освен Зара, од царството на неговата компанија Inditex излегуваат и брендовите Massimo Dutti, Oysho, Kiddy’s Class, Tempe, Stradivarius, Pull&Bear, како и Bershka.