Фото: Zozosuit
Zozosuit е футуристичка облека со вградени сензори коишто прецизно ги мерат димензиите на телото, со цел корисникот да добие совршено скроени алишта, пишува Designboom.
Со помош на оваа иновативна технологија, онлајн порачаната облека целосно ќе одговара на димензиите на купувачот, односно на секое тело. Производот веќе го има на пазарите во САД и Јапонија и според производителот ZOZOTOWN, оваа комбинција што се состои од пантолони и блуза, е прва од ваков тип во светот.
Штом корисникот ќе го облече Zozosuit, веднаш ги мери димензиите на телото преку вградени телескопски сензори, а резултатите преку Bluetooth се испраќаат на смартфон. Прецизните мерки овозможуваат онлајн одбирање на облека што совршено ќе прилега на секое тело.