Zunum Aero развива хибриден авион што ќе ги преполови трошоците на патување

38

zenum

Фото: Zunum Aero

Авиокомпаниите Boeing и JetBlue инвестираа во американскиот старт – ап Zunum Aero, којшто веќе три години развива мали авиони на хибриден погон. Локалните летови ќе станат алтернатива за автомобилите и брзите возови. Станува збор за авиони што имаат од 10 до 50 седишта и ќе го намалат времето за патување за 40 до 80 %, а благодарение на ниските трошоци за летање, картите ќе бидат поевтини до 80%, пишува Engadget.

Авионите ќе користат гориво само кога е неопходно, со што емисијата на гасови ќе се намали за 80%. Развојот на батеријата напредува така што троши помалку енергија. Станува збор за хибридно – електричен погон што и NASA го развива за сопствените електрични авиони.

Zunum Aero моментално работи на добивање на сертификат за електричен авион. Првиот лет се очекува да биде по 2020 година со должина од 1.100 километри.