Звечево го купи руски милијардер, кој е на листата на санкции поради Украина

30

Познатата хрватска кондиторска компанија Звечево премина во рацете на рускиот бизнисмен, милијардерот Денис Штенгелов кој живее во Австралија

По долгогодишни деловни проблеми, познатата  компанија од Пожега, Звечево доби нов сопственик, рускиот милијардер Денис Штенгелов.

Мнозинскиот сопственик на Звечево, Здравко Алвир, продаде повеќе од 75 отсто од акциите во компанијата на Звечево Flexway Adriatic, односно загребската подружница на Flexway, чие седиште е во слободната зона во Дубаи. Компанијата Flexway Adriatic, како што е објавено на страниците на Загрепската берза, е должна да објави јавна понуда за стекнување на преостанатиот удел во Звечево. Втор по големина акционер на Звечево е Ненад Бакиќ со удел од 2,25 отсто.

Сопственикот на Flexway, Денис Штенгелов, има мнозински сопственички удел во една од водечките руски прехранбени компании, КДВ.

КДВ се занимава и со производство на кондиторски производи и слатки, го поседува малопродажниот синџир „Јарче“, кој има малопродажна мрежа со повеќе од илјада супермаркети во Русија. Според достапните податоци, Штенгелов е руски државјанин кој со години живее во Австралија, а поради Украина е на списокот на санкционирани лица, пишува Јутарњи лист.