Звучник што ги држи крадците подалеку од домот

59

kevin_produkt00004ps-1-1024x683

Фото: Mitipi

Швајцарската компанија Mitipi, на саемот за електроника во Лас Вегас, претстави паметен звучник за домот креиран да ги убеди крадците дека некој има дома. Уредот, наречен Kevin по култниот филм Сам дома, пушта различни звуци кога нема никој во домот.

Звучникот има широк спектар на звуци што може со недели да ги испушта, а да не звучи повторувачки. Покрај звуците, Kevin со помош на LED светла создава илузија дека има некој во домот.

Звучникот треба да се постави на врата или прозор, а по напуштање на домот се активира и почнува да симулира секојдневни активности преку база на звуци што се совпаѓаат со местото во коешто живее корисникот, пишува The Verge.

Со помош на апликација корисникот креира различни сценарија (звук на пуштање вода, работа на телевизор, чекорење…).

Звучникот не е пуштен во продажба, а се очекува неговата цена да изнесува од 200 до 250 долари. Швајцарската компанија планира наскоро преку кампања на Kickstarter да собере пари за овој паметен уред.